Основната каматна стапка се зголемува за 0,25 процентни поени од 4 на 4,25%. Народната Банка по потегот на Европската централна банка за пораст на каматите, реши да ја затегне монетарната политика. Тоа значи дека ќе поскапат кредитите, депозитите, ќе се зголеми казнената камата. Гувернерот Славески вели дека тоа нема да се случи преку ноќ, туку […]
Основната каматна стапка се зголемува за 0,25 процентни поени од 4 на 4,25%. Народната Банка по потегот на Европската централна банка за пораст на каматите, реши да ја затегне монетарната политика. Тоа значи дека ќе поскапат кредитите, депозитите, ќе се зголеми казнената камата. Гувернерот Славески вели дека тоа нема да се случи преку ноќ, туку по одредено време. За колку ќе поскапат банкарските производи не се знае, бидејќи тоа е одлука на секоја банка поединечно.
Народната банка разгледува и модел како да влијае врз висината на банкарските провизии и надоместоци кои ќе поскапат значително од август. По бурните реакции во јавноста, некои од банките се повлекоа, некои ги одложија ваквите одлуки. Засега нема законска можност Народната банка да ги ограничи лимитите до кои банките можат да им наплаќаат на граѓаните и фирмите. Славески како позитивен го посочува хрватскиот модел, кадешто бројни услуги се целосно бесплатни, од отворање и затворање сметки, до електронско и мобилно банкарство.
И покрај деескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, последиците ќе се чувствуваат најмалку до крајот на годинава. Со оваа мерка против инфлацијата, Народната банка сака да го повлече парите од оптек за да го забави растот на цените. Светскиот транспорт на нафтени деривати ќе се нормализира само до 80% до крајот на годината. Инфлацијата растеше побавно во мај споредено со април, но очекувањата се за раст од околу 4% во 2026-та. Народната банка смета дека инфлациските притисоци остануваат особено кај храната и енергенсите.
