Ерата на Британскиот премиер Кир Стармер заврши откако денеска ја соопшти неговата оставка. Со видлива емоција и глас исполнет со тежина, тој објави дека се повлекува од функцијата британски премиер и лидер на Лабуристичката партија, ставајќи крај на едно турбулентно политичко поглавје. Стармер утрово разговарал и со монархот за оставката но нагласил дека ќе остане […]
Ерата на Британскиот премиер Кир Стармер заврши откако денеска ја соопшти неговата оставка. Со видлива емоција и глас исполнет со тежина, тој објави дека се повлекува од функцијата британски премиер и лидер на Лабуристичката партија, ставајќи крај на едно турбулентно политичко поглавје.
Стармер утрово разговарал и со монархот за оставката но нагласил дека ќе остане на функција до нов избор. Поднесувањето на кандидатури ќе започне на 9 јули и ќе трае до летната парламентарна пауза. Нов лидер на партијата и нов премиер според процедурите би биле избрани во септември.
Во своетоо браќање, Стармер истакна дека неговата цел отсекогаш била да придонесе за подобрување на животот на милиони граѓани.
-Влегов во политиката за да добијам можност да ги променам животите на милиони луѓе на подобро – изјави Стармер
Падот на Стармер е паралелен со подемот на Енди Бернам, популарниот градоначалник на Манчестер, кој неодамна победи на дополнителните избори и влезе во парламентот, што е претпоставка дека може да стане премиер.
