Skip to content

Топлотниот бран ги вжешти линиите на брзата помош

Топлото време ги вжешти и телефонските линии на итната медицинска помош. Само изминатото деноноќие во Скопје имало повеќе од 80 интервенции. Најчесто посетите биле за колапси на јавни места, но помош барале и пацинети со акутни, кардиоваскуларни и белодробни заболувања. Според лекарите, високите температури и променливото време се најголема причина за зголемениот број на повици.Тие […]

Топлото време ги вжешти и телефонските линии на итната медицинска помош. Само изминатото деноноќие во Скопје имало повеќе од 80 интервенции. Најчесто посетите биле за колапси на јавни места, но помош барале и пацинети со акутни, кардиоваскуларни и белодробни заболувања. Според лекарите, високите температури и променливото време се најголема причина за зголемениот број на повици.Тие предуредуваат највнимателни да бидат старите луѓе, бремените жени и метеопатите.

„Кога надвор е поголема температурата отколку нашата телесна температура, организмот се обидува да се разлади. Всушност срцето чука забрзано, ја носи крвта кон периферијата и затоа настанува потење. При потењето, знаете, губиме електролити и може да настане електролитен дисбаланс. При тој електролитен дисбаланс всушност делува на центарот за рамнотежа, затоа пред колапс луѓето чувствуваат вртоглавица, зуење во ушите, еден психички немир, тресење и така може да настане колапс“, изјави Д-р Елена Карева Пиловска, итна медицинска помош Скопје

Засега од надлежните нема препораки за заштита од топлотнит бран, тоа најчесто се прави кога температурата ќе надмине 40 степени. Во меѓувреме, лекарите предупредуваат – во екот на жештините граѓаните да не се изложуваат на сонце во најтоплиот дел од денот, редовно да пијат течности и да избегнуваат физички напор. Синоптичарите најавуваат променливо време во следните денови проследено со дожд грмежи и температури до 36- от степен.

„До крајот на оваа работна седмица ќе се задржи претпладне претежно топло време а попладне времето ќе биде нестабилно под влијание на циклонска активност којашто има центар во Турција. Ќе има врнежи од дожд коишто ќе бидат пообилни во вторник и во среда. Во четврток на места нестабилност, а веќе викендов кој ни доаѓа времето ќе биде сончево и топло. Температурите ќе бидат во благ пораст“, изјави Марија Атанасовска Цветковска, УХМР

Во обид да се скрати времето на чекање и да се подобри реакцијата во итни случаи, Министерството за здравство предложи, а Владата го усвои предлогот за формирање самостоен Центар за итна медицинска помош во Скопје. Според најавите, досегашната служба ќе треба да се издвои од рамките на Здравствениот дом Скопје и ќе функционира како посебна здравствена установа со сопствена организација и управување. Одлуката доаѓа во период кога граѓаните сѐ почесто реагираат на доцнење на екипите на терен, а во одредени случаи времето на чекање достигнува и 30 до 40 минути – време кое може да биде клучно за спас на човечки живот.

Бојан Таневски

Реклама

Уште од Tоп