Skip to content

Мицкоски очекува значително пониски цени на горивата, најавува засилени контроли и десеткратно повисоки глоби

Дизелот да поевтини за 7 денари, а бензините за 4 денари по литар. Ова се очекувањата на премиерот Мицкоски по најавите за примирје меѓу САД и Иран и деескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Тој рече дека цената на суровата нафта на референтните берзи моментално се движи околу 80 долари за барел. Владините мерки во […]

Дизелот да поевтини за 7 денари, а бензините за 4 денари по литар. Ова се очекувањата на премиерот Мицкоски по најавите за примирје меѓу САД и Иран и деескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Тој рече дека цената на суровата нафта на референтните берзи моментално се движи околу 80 долари за барел. Владините мерки во делот на акцизите завршија во понеделникот, па сега премиерот смета дека пазарот ќе се стабилизира.

„Имајќи ги предвид сите овие аспекти, и на мировна маса се и Израел и Хезболах, очекувам да се заокружи оваа криза и да влеземе во помирни води со цената на нафтата. Малку е зголемена и вредноста на доларот, но очекувам во понеделник цената на бензините да се намали околу 4 денари, а кај дизелот околу 7 денари“ – вели Мицкоски.

Владата интензивно ќе следи и дали ќе се намалат соодветно цените на другите производи. По најавите на дел од бизнисмените дека цените нема така брзо да одат надолу и покрај завршувањето на кризата, премиерот ги свика на состанок. Тој во понеделник треба да се сретне со претставници на маркетите и дистрибутерите. Вели дека сака да испрати силна порака за начинот како се однесуваат и ги охрабри продавачите да пријавуваат нефер трговски практики. Дополнително законските измени за десеткратно зголемување на глобите се при крај, а се најавуваат и засилени контроли на терен.

„Ги охрабрувам компаниите, дистрибутерите, добавувачите, производителите да пријавуваат нефер трговско однесување од страна на некои од маркетите, бидејќи сега се наоѓаат канали од страна преку разноразни услуги преку трети фирми да се фактурира таканаречен ројалити, што не е фер трговско однесување. Јас ги охрабрувам сите дистрибутери и производители тоа да го пријават за да можеме како држава да делуваме“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Она за што премиерот зборува всушност е дополнителен т.н. ројалити бонус кој брендовите го плаќаат на трговските ланци за да обезбедат премиум локации во маркетите и да ја зголемат продажбата. На пример, производите да бидат на рафтовите кои се директно пред очите на купувачот, на рафтовите на крајот на патеките или пак непосредно пред касата, кадешто најчесто импулсивно се купува. Активностите за санкционирање на ваквите појави, заедно со потегот за намалување на основната камаатна стапка на Народната банка треба да јадоведат инфлацијата на прифатливо ниво под 4% до крајот на годинава. Мицкоски информира дека земјава со стапка на годишна инфлација од 4,8% во мај се наоѓа на средина во регионот. Албанија и Србија имаат пониска инфлација, но Грција, Бугарија, Романија и другите држави повисока од онаа на Македонија.

Реклама

Уште од Tоп