Општина Маврово и Ростуше почна со реализација на уште еден значаен проект во интерес на граѓаните и економскиот развој. – Станува збор за реконструкција, проширување и асфалтирање на локалниот пат кон село Римница, во должина од 3,5 километри, што ќе овозможи побезбедно, поквалитетно и поефикасно сообраќајно поврзување на селото со останатите населени места, се отвора […]
Општина Маврово и Ростуше почна со реализација на уште еден значаен проект во интерес на граѓаните и економскиот развој. – Станува збор за реконструкција, проширување и асфалтирање на локалниот пат кон село Римница, во должина од 3,5 километри, што ќе овозможи побезбедно, поквалитетно и поефикасно сообраќајно поврзување на селото со останатите населени места, се отвора нова можност за подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за живот и развој на овој регион, информираа од општината.

Додаваат дека за реализација на проектот се обезбедени финансиски средства во висина од 15.866.394 денари преку Владата.

– Овој проект е резултат на одличната соработка помеѓу нашата Општина и Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која се чувствува во сите сегменти од интерес за граѓаните и локалниот развој, изјави градоначалникот Онер Јакупоски.
Тој уште еднаш ја потврди својата заложба и поддршка за развојот на Горнореканскиот регион, нагласувајќи дека станува збор за подрачје со исклучителен природен и туристички потенцијал.
– Подобрувањето на патната инфраструктура е еден од клучните предуслови за заживување на регионот, развој на туризмот и создавање подобри услови за живот и економски напредок на локалното население. Со изведувачот на работите, надзорниот орган и претставниците на месните заедници, разговаравме за динамиката на градежните активности, како и за други инфраструктурни и развојни проекти кои претставуваат приоритет за населението од овој регион, изјави Јакупоски.

Посочува дека Општина Маврово и Ростуше и понатаму останува посветена на реализација на капитални проекти кои ќе придонесат за рамномерен регионален развој, подобра инфраструктура и повисок квалитет на живот за сите граѓани.
