Skip to content

На распит приведените од акцијата за ФФМ, се бара притвор за осуммина

За осуммина од 18 осомничени за финансиски криминал во ФФМ е предложен пртивор, а за четворица се побарани мерки на претпазливост. Од нив првите двајца осомничени се поранешните претседатели Илчо Ѓоргиоски И Мухамед Сејдини, а третоосомничена е главната сметководителка. Сите тројца се товарат за проневера во службата, а останатите за помагање на проневера и перење […]

За осуммина од 18 осомничени за финансиски криминал во ФФМ е предложен пртивор, а за четворица се побарани мерки на претпазливост. Од нив првите двајца осомничени се поранешните претседатели Илчо Ѓоргиоски И Мухамед Сејдини, а третоосомничена е главната сметководителка. Сите тројца се товарат за проневера во службата, а останатите за помагање на проневера и перење на пари. Истрагата опфати и осум фирми. Двајцата порнешни претседатели Ѓоргиоски и Сејдини потпишале 728 платни налози дадени од третосопмничената

сметководителка за услуги и стоки коишто никогаш не стигнале до Федерацијата. Штетата е околу 3 милиони евра, информира надлежниот обвинител.

„Пет од вкупно 18 не се достапни. Според информациите со коишто располагаме сметаме дека дел од нив се во блиското опкружување. Сметаме дека за брзо време би можело да се појават пред органите на прогон и да кажат нивна теорија и став по однос на сето ова што се води како истрага – изјави Фатон Азизи обвинителот што ја води истрагата.

Инаку, полицијата трага по уште петмина кои се неодстапни на органите на прогопнот, но обвинителот Азизи  е оптимист дека ќе бидат пронајдени бидејќи било време на одмори.

Апсењето следува шест години по кривичната пријава која Управата за финансиска полиција ја поднесе во 2020 година против 14 луѓе, осомничени дека преку фиктивни фактури и други незаконски дејствија ја оштетиле Фудбалската федерација за околу 2,4 милиони евра.

Истрагата пред шест години опфати и сомнежи за злоупотреба на службена кредитна картичка, фиктивни фактури за услуги и стоки кои никогаш не биле испорачани, како и перење пари, злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување.

Инаку, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини е дел и од друга истрага исто така поврзана со финансиски малверзации во федерацијата. Тој беше  приведен во април годинава и  му е одреден притвор. Се сомничи за проневера и злоупотреба на околу 700.000 евра, средства обезбедени од УЕФА за поддршка и изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Муамед Сејдини беше на чело на ФФМ во периодот од 2019 до 2025 година, а беше и суспендиран на две години поради утврдени неправилности во работењето.

Реклама

Уште од Tоп