Нов шверц на ботокс. Запленети се 199 вијали во вредност од околу 10.000 евра. Царинарниците ги откриле во поштенска пратка со натпис „козметички примероци“.Од Царинската управа велат дека е поднесена кривична пријава против доктор и медицинска сестра кои се вработени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. При деталната царинска контрола ниедно од нив не било наведено […]
Нов шверц на ботокс. Запленети се 199 вијали во вредност од околу 10.000 евра. Царинарниците ги откриле во поштенска пратка со натпис „козметички примероци“.Од Царинската управа велат дека е поднесена кривична пријава против доктор и медицинска сестра кои се вработени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. При деталната царинска контрола ниедно од нив не било наведено на фактура.
„Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик. Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое поведе посебни предистражни дејствија, во чии рамки по налог на јавен обвинител извршен е и претрес на три локации.“- велат од Царинската управа.
Од Царинската управа појаснуваат дека докторот ја организирал нарачката со тоа што нарачал ботокс од фирма во Кореја, а со нив се договорил да направат лажна фактура во износ од 80 долари. Медицинската сестра се согласила пратката да пристигне на нејзино име и адреса, а воедно ја платила лажната фактура со својата трансакциска сметка.
„Царинска управа апелира до сите учесници во увозните постапки дека секој обид за криминал ќе биде најстрого санкциониран. Увозот на ботокс е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и секоја измама поврзана со увоз на ваква или слична стока претставува опасност за здравјето на граѓаните. Порачуваме дека Царинската управа и понатаму ќе има нулта толеранција кон сите што се обидуваат да работат спротивно на законот.“- велат од таму.
Инаку, ова не е прв случај каде се запленети вакви медиицнски препарати. Во април годинава- хирурзи, дерматолози како и сопственици на дерматолошки ординации беа фатени од полицијата како нелегално ги набавувале па ги продавале на црно ботоксии филери од Србија, Кореја и од Турција.Во полициската акција беа приведени шест луѓе, четворица добија куќен притвор, а деветмина поминаа со мерки на претпазливост.
