Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Во овој краток период направивме Македонија да биде во топ-5 во Европа според растот на БДП како процент од него. Постигнавме историски рекорд, над 1.255 милијарди евра странски директни инвестиции. Работиме на шест нови автопати, зголемивме пензии, градиме студентски домови, за студентите […]
Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Во овој краток период направивме Македонија да биде во топ-5 во Европа според растот на БДП како процент од него. Постигнавме историски рекорд, над 1.255 милијарди евра странски директни инвестиции. Работиме на шест нови автопати, зголемивме пензии, градиме студентски домови, за студентите обезбедивме електронски уреди. Сето она што претставуваше проект, а беше заборавено од претходната влада, го реализиравме и го реализираме, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод одбележувањето на 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, настан што вчеравечер се одржа во Струмица со мотото „Македонија забрзува, наша обврска“ – се вели во соопштението од партијата.
Мицкоски во своето обраќање пред присутните истакна дека Македонија е меѓу првите пет земји во Европа според растот на БДП, посочи дека се постигнал историски рекорд од 1.255 милијарди евра странски директни инвестиции и најави капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во патишта, железници, како и во здравство.
Премиерот Мицкоски најави дека во текот на неделата ќе биде објавен тендерот за физибилити-студија и техничко решение за патот што ги поврзува Радовиш и Струмица.
„Она што сакам да го испратам како порака и од овде од Струмица, а кое мислам дека е важно за овој крај, е дека оваа недела ќе биде објавен тендерот за физибилити-студија и техничко решение за патот што ги поврзува Радовиш и Струмица и тоа ќе биде како додадена вредност на она што денеска го направивме, а тоа е конечното пуштање во употреба на болницата во Струмица, која четири децении, замислете, четири децении не била завршена“, рече Мицкоски и додаде:
„Сакам да се осврнам и на промените што следуваат. Следува реконструкција на Владата. Од утре ќе почнам да работам на оваа тема откако по финиширањето со екипирањето и со промените што се случија во партијата, каде што имаме речиси 30 проценти нови претседатели на комитетите“.
