Македонија скапо ги плаќа грешките и договорите што ги потпишаа минатите влади со Бугарија и со Грција. Премиерот Хритијан Мицкоски вели дека на новата генерација политичари останува обврската да се борат и да ги исправат историските неправди. Пред европратениците да го одбијат амандамот на известувачот Вајц, Мицкоски порача дека треба да истиот треба да биде […]
Македонија скапо ги плаќа грешките и договорите што ги потпишаа минатите влади со Бугарија и со Грција. Премиерот Хритијан Мицкоски вели дека на новата генерација политичари останува обврската да се борат и да ги исправат историските неправди. Пред европратениците да го одбијат амандамот на известувачот Вајц, Мицкоски порача дека треба да истиот треба да биде усвоен, бидејќи тоа е шанса, ЕУ да докаже дека билатерланите прашања не се пречка за интеграција.
„Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет, тоа треба да го направи, треба да ја исправи неправдата што ѝ е нанесена на Македонија. Мислам дека тоа треба да се случи, европските пратеници треба да го поддржат и оној амандман во кој се нотираат придобивките и напредокот, но и оној дел во кој протоколите не се составен дел од преговарачката рамка. Ги охрабрувам и ги замолувам европратениците да се држат до европските вредности дефинирани од Шуман, Аденауер и Де Гаспери при формирањето на ЕУ. Вината треба да ја бараме и меѓу нас зашто во минатото имавме политичари медиокритети, кои им направија штета и на граѓаните и на државата. Но, затоа сега имаме генерација, и тука и во Европскиот парламент, која е подготвена таа штета да ја исправи“, изјави Христијан Мицкоски.
Извештајот и пораките од Брисел се потврда за реална европска перспектива и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес, вели премиерот, кој уште еднаш порача дека земјата повеќе нема да прави отстапки на патот кон ЕУ и нема да ја водат полтичари кој ќе коленичат и ќе им се додворуваа на бриселските бирократи.
„Поучени од тие лекции од минатото ние денеска ја водиме нашата надворешна политика која не е составена од гланцање чевли во Брисел на евродипломати и коленичење туку надворешна политика која се темели на аргументи. И тие арументи да имаат некоја логика, да може секој да ги разбере бидејќи времето на внимание кога ве слушаат во Брисел се состои во минути. Мора во неколку минути да го спакувате тоа што има суштина и сакате да го пренесете“, изјави Мицкоски.
Извештајот според СДСМ е само потврда дека реформи нема. Од опозиција порачаа дека не станува збор за никаква заштита на македонскиот национален идентитет од страна на Мицкоски, туку за заштита на неговата криминална моќ. Оттаму реагираат дека Владата водела антиевропска кампања, затоа со лажни наративи го напаѓала СДСМ за предавство, само за да се спречи влезот на Македонија во Европската Унија. Оттаму велат дека додека регионот забрзува кон ЕУ – Македонија забрзува кон пропаст.
