Skip to content

Дигитализацијата на плаќањата во фокус на ново партнертство меѓу Стопанска банка и Мастеркард

Целосна дигитализација на банкарските услуги и унапредување на искуството на клиентите се во фокусот на новото стратешко партнерство меѓу Стопанска банка и Мастеркард. Тие најавуваат нова етапа во развојот на современи платежни решенија на македонскиот пазар кои ќе бидат во чекор со светските трендови. Очекувањата се дека до 2030 бесконтактното плаќање целосно ќе ја замени […]

Целосна дигитализација на банкарските услуги и унапредување на искуството на клиентите се во фокусот на новото стратешко партнерство меѓу Стопанска банка и Мастеркард. Тие најавуваат нова етапа во развојот на современи платежни решенија на македонскиот пазар кои ќе бидат во чекор со светските трендови. Очекувањата се дека до 2030 бесконтактното плаќање целосно ќе ја замени употребата на платежни картички.

Ние веќе сме во процес на изработка на што понепречена транзиција, односно пренос, премин кон платежните картички на Мастеркард и ќе понудиме сеопфатна понуди дури и за најпребирливите потрошувачи. – вели Хрисула Кутуди, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска Банка.

Ова партнерство претставува долгорочна инивестиција во иднината на дигиталните плаќања.

Технологијата се развива со многу голема брзина и всушност дигиталните плаќања кои што се од големо значење во моментов, сакаме да ги прошириме до секој, за ниту еден граѓанин да не биде изоставен. – истакна Бартош Чолковски, генерален директор на Мастеркард за Југоисточна Европа.

Првиот производ е Мастеркард платинум картичка. Вториот производ е Мастеркард бизнис дебитната картичка наменета за нашите клиенти. – рече Стефан Пепоски, директор на секторот за картични производи и директно банкарство во Стопанска Банка.

Од Стопанска Банка и Мастеркард нагласуваат дека безбедноста на корисниците е врвен приоритет и посочуваат дека инвестициите во заштитата и сигурноста на плаќањата мора да одат пред развојот на нови дигитални производи и услуги.

Ана Минин

Реклама

Уште од Tоп