Skip to content

Заврши реконструкцијата на улицата „Бел Камен“ во Кочани

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот, соопштуваат од Министерството за транспорт.  – Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на […]

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот, соопштуваат од Министерството за транспорт.

 – Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“ – стои во соопштението од Министерството.

Паралелно со овие активности, како што дополнуваат, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку значајни инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари.

Реклама

Уште од Вести