Skip to content

„Џаво Отомотив“ ќе инвестира ќе инвестира 20 милиони евра во производствен капацитет во ТИРЗ Тетово

Делови за автомобилската индустрија за светски брендови ќе се произведуваат во технолошко индустриската зона во Тетово. Над 400 нови работни места, повеќе од 20 милиони евра нови инвестиции и зголемен развој на македонската економија. Надлежните велат дека по неисполнетите ветувања од минатата влада, турската компанија „Џаво Отомотив“ влева нова надеж за развој на овој регион. […]

Делови за автомобилската индустрија за светски брендови ќе се произведуваат во технолошко индустриската зона во Тетово. Над 400 нови работни места, повеќе од 20 милиони евра нови инвестиции и зголемен развој на македонската економија. Надлежните велат дека по неисполнетите ветувања од минатата влада, турската компанија „Џаво Отомотив“ влева нова надеж за развој на овој регион.

„Оваа инвестиција ќе донесе и нови можности за вработување. Според бизнис-планот на компанијата, ќе бидат отворени помеѓу 400 и 500 нови работни места во моментите кога компанијата ќе го добие својот полн сјај. Дополнително, проектот ќе има значително позитивно влијание врз извозот бидејќи нивниот план е извозот да стигне до 45 милиони евра годишно. Ова не е само инвестиција во бројки. Ова е инвестиција во доверба. Доверба во институциите. Доверба во економските политики. Доверба во стабилноста на државата. Кога една странска компанија носи одлука дел од своето производство да го пресели токму тука кај нас, тоа значи дека препознала сигурност, предвидливост и јасна економска перспектива.“ – истакна Мицкоски.

Компанијата е глобален производител за автомобилската индустрија со повеќе од 40 години искуство, а се очекува целокупното производство од Турција и Словачка да се пренесе токму во Тетово.

„Резултатите што ТИРЗ Тетово веќе ги остварува се охрабрувачки. Во текот на 2025 година компаниите во оваа зона реализираа производство во вредност од над 6,4 милијарди денари, извоз на производи и услуги од речиси девет милијарди денари и обезбедија работа за 1.845 лица. Овие бројки покажуваат дека зоната претставува важен двигател на економската активност во регионот и значаен придонесувач на извозот. Министерството за економија и труд останува посветено на привлекување нови инвестиции и создавање услови за развој на постојните инвеститори.“ – посочи Дурмиши.

Инаку надлежните засилено работат на стратегија за привлекување на странски инвестиции и поголема диверзификација.

До 2024 немаше никаков документ за оваа стратегија, во 2025 се формираше работна група што работеа на стратегија за привлекување инвестиции и ќе важи 2027-2037, ќе бидат опфатени сите аспекти и цели за како да ги привлекуваме странски инвеститори и диверзификацијата ќе биде дел од ова. Неоперативните зони како Делчево, Берово и Виница ќе се трансформираат во индустриски зони за да станат функционални, и ќе ги понудиме и на домашните компании.“- вели Гоце Димовски, директорот на ТИРЗ.

Оваа зона беше препознатлива по неисполнетото ветувањата на претходната влада кога тогашниот вицепремиер Артан Груби заедно со лидерот на ДУИ поставија камен темелник на фабрика за електрични автомобили. Тогаш беше најавена инвестиција од 130 милиони евра и 900 нови работни места, а привот автомобил требаше да биде произведен до 2024 година.

Реклама

Уште од Tоп