Продолжува инвестицискиот циклус во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски, според најавите, денеска на прес-конференција во Владата ќе објави старт на нова инвестиција во државата. Станува збор за компанијата „Џаво Отомотив“, која ќе работи во рамки на Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. Според очекувањата на надлежните во Владата, ова е само дел од инвестицискиот циклус што допрва […]
Продолжува инвестицискиот циклус во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски, според најавите, денеска на прес-конференција во Владата ќе објави старт на нова инвестиција во државата.
Станува збор за компанијата „Џаво Отомотив“, која ќе работи во рамки на Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.
Според очекувањата на надлежните во Владата, ова е само дел од инвестицискиот циклус што допрва треба да се очекува.
Премиерот Мицкоски, по враќањето од Турција, каде минатиот викенд се одржа многу важен турско-македонски бизнис-форум, најави дека очекува конкретни инвестиции и од оваа држава.
Како што нагласи тој, Македонија има што да им понуди на инвеститорите. Клучно, според него, е што Македонија повеќе не се промовира како дестинација за евтина работна сила, туку како локација каде што има добри услови за развој на модерен бизнис и отворање фабрики со понуда на висококвалификувани работни места.
