Skip to content

Договорот меѓу САД и Иран драстично ја намали цената на нафтата на светските берзи

САД и Иран ставаат крај на војната. По повеќемесечниот конфликт на Блискиот Исток кој донесе големи последици за целиот свет, конечно е постигнат договор а истиот се очекува да биде потпишан на 19 јуни во Швајцарија. Со потпишувањето се очекува целосното укинување на поморската блокада, повлекување на американската војска од Иран како и повторното отварање […]

САД и Иран ставаат крај на војната. По повеќемесечниот конфликт на Блискиот Исток кој донесе големи последици за целиот свет, конечно е постигнат договор а истиот се очекува да биде потпишан на 19 јуни во Швајцарија. Со потпишувањето се очекува целосното укинување на поморската блокада, повлекување на американската војска од Иран како и повторното отварање на Ормускиот теснец.

Договорот со Исламската Република Иран сега е целосно завршен. Честитки до сите. Со ова целосно го овластувам бесплатното отворање на Ормускиот Теснец и истовремено го овластувам итното укинување на поморската блокада на Соединетите Американски Држави. Бродови од целиот свет, стартувајте ги моторите. Нека тече нафтата.“- објави претседателот на САД, Доналд Трамп на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што договорот сега е постигнат, посредниците ќе овозможат одржување на низа состаноци во текот на оваа недела. Овие разговори пред имплементацијата ќе ги постават темелите за техничките преговори и за официјалната церемонија на потпишување.“– објави претседателот на Владата на Пакистан, Шехбаз Шариф.

Новиот договор меѓу Вашингтон и Техеран и неговото влијание врз стабилноста на Блискиот Исток се во фокусот на Самитот на Г7 во францускиот град Евиан. Високите претставници на ЕУ го поздравија договорот меѓу САД и Иран за завршување на војната на Блискиот Исток.

Оружјето сега мора да замолкне, а преостанатите несогласувања треба да се решаваат по мирен пат, во согласност со меѓународното право. Европската Унија е подготвена да придонесе кон унапредување на сеопфатна стратегија за траен мир низ Блискиот Исток.“- објави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Уште еднаш, Европа ги повикува сите страни да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан и да спроведат вистински прекин на огнот. Во Евијан, лидерите на Г7 ќе се сретнат со партнери од Заливот и поширокиот Блиски Исток. Европа е подготвена да го даде својот придонес. Оваа криза носи и јасна поука. Уште еднаш, енергетските зависности беа искористени како средство за притисок.“- вели претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Како резултат на договорот цените на нафтата значително паднаа на светските берзи, а досега намалувањето надминува 5%.

Суровата нафта Брент се тргуваше за околу 70 долари за барел пред почетокот на конфликтот. Во текот на војната достигна дури 120 долари за барел. Ормускиот теснец е затворен кратко откако САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари. Регионот беше особено силно погоден од повисоките цени на енергијата бидејќи е во голема мера зависен од Блискиот Исток за снабдување со нафта и гас.

Реклама

Уште од Tоп