Минимални промени од утре, па драстично поевтинување на горивата веќе од следната недела. Ова се очекувањата на премиерот Мицкоски, откако беше објавено дека конечно е постигнат договор меѓу САД и Иран за завршување на војната и повторно отворање на стратешки важниот Ормуски Теснец. Берзите веќе реагираа, па брент нафтата за една недела падна од 94 […]
Минимални промени од утре, па драстично поевтинување на горивата веќе од следната недела. Ова се очекувањата на премиерот Мицкоски, откако беше објавено дека конечно е постигнат договор меѓу САД и Иран за завршување на војната и повторно отворање на стратешки важниот Ормуски Теснец. Берзите веќе реагираа, па брент нафтата за една недела падна од 94 долари минатиот понеделник на 83 долари за барел денеска за испораките во август. Со ова, премиерот вели Македонија останува земја со најниски цени на горивата во регионот и кризата сме ја поминале без рестрикции на нафтените деривати.
-Од почетокот до денеска зборуваме за вкупна сума од 230 милиони евра. Ние како влада не само што поддржуваме странски инвестиции, ја поддржуваме и домашната економија. Каматната стапка на кредитот е од 1,95 проценти, со грејс период од 3 години до 12 години рок на отплата. На тој начин очекуваме барем двојно повеќе износот да се зголми кога станува збор за инвестиции на домашните компании, изјави Христијан Мицкоски -претседател на Влада
По ограничените економски резултати за месец март, главно поради кризата на Блискиот Исток и негативните ефекти врз глобалната економија, перформансите се подобрени во април. Мицкоски е задоволен од прометот во индустријата. Тој бил зголемен за 7,3% во април споредено со истиот месец лани.
-Се консолидиравме по шокот во март, кога ескалираше кризата во Заливот и се продлабочи енергетската криза. Веќе во април индустријата бележи значителен раст, односно зголемување од околу 7,4 до 7,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, изјави денеска Мицкоски
Голем удел кон порастот на прометот во индустријата имаат и инвестициите на домашниот бизнис направени со финансиска инјекција од поволниот унгарски кредит. Македонскиот бизнис максимално ја користи кредитната линија. Само минатата недела на македонските компании им биле префрлени 2 милиони евра. Премиерот Мицкоски вели дека ќе се искористат 230 милиони евра, а очекувањата се барем двојно поголема сума на инвестиции од страна на домашниот бизнис.
