Нови инвестиции, нови работни места и можности за профит. На македонските компании им се отвораат можности за работа на меѓународни проекти и апсорбција на финансиски средства од меѓународните кредитори. По последната информација дека македонска градежна компанија ќе го гради автопатот од Скопје до Блаце се отвора перспективата за помалите градежници да обезбедат поголеми ресурси и […]
Нови инвестиции, нови работни места и можности за профит. На македонските компании им се отвораат можности за работа на меѓународни проекти и апсорбција на финансиски средства од меѓународните кредитори. По последната информација дека македонска градежна компанија ќе го гради автопатот од Скопје до Блаце се отвора перспективата за помалите градежници да обезбедат поголеми ресурси и да привлечат поголем број работници, да придонесат за растот на македонката економија.
„Кога ќе направиме споредба кој е главниот мотор на нашата домашна економија во моментов, тука треба да се работи на посебен баланс. Секоја македонска компанија која се вклучува во такви инвестициски проекти, не се работи само за неа туку привлекува и други компании кои ги пратат, сервисираат тој економски сегмент и се отвора работа за многу наши граѓани“, вели универзитетскиот професор Иван Танасовски.
Според експертите, македонските компании сега ќе бидат препознатливи во однос на финансиските инситуции, но сега покрај Гранит и другите македонски компании мора да го искористат моментот да се приспособат кон новите трендови и да воведат нови технологии.
„Апсолутно би било добро за домашната економија за тие инвестициски циклуси кои се битни за државата и носат прогрес и развој од повеќе аспекти ги изведуваат наши компании. Оние кои се во кондиција и можност тоа да го направат“, додаде Атанасовски.
Дополнителен успех е тоа што по повеќе од една деценија во која странските градежни компании градеа автопати во Македонија конечно македонска компанија ја добиваа оваа можност.
„После подолг период една градежана компанија ќе гради инфраструктурен проект е доказ дека можеме да градиме големи инфраструктурни проетки. Ова е сигнал за целиот градежен сектор во македонија и за цела држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти“, вели Александар Николоски, Вицепремиер и министер за транспорт.
Покрај овој автопат, веќе се градат и автопатите од коридорите 8 и 10 Д, со што Македонија целосно се поврзува со автопати со сите соседи. Со изградбата и на брзата железница, Македонија станува центар на патниот транспорт во Европа, а инвестициите во инфраструктурата ќе придонесе за уште поголем раст на економијата.
