Skip to content

Предлог ребалансот на буџетот доби „виза“ од бизнис секторот

Предлог ребалансот на буџетот кој го усвои Владата ги погаѓа целите за развој на македонската економија, сметаат експертите. Прераспределбата на средствата во делот на засилена изградба на коридорите 8 и 10 како и средствата за изградба на локална инфраструктура ќе ја раздвижат дополнително македонската економија. Бизнис заедницата потенцира дека ваквиот буџет ќе придонесе за реален раст на економијата и може да се очекува исполнување на предвидениот раст.

„Кога станува збор за капитални инвестиции во рамки на инфраструктурата и ранки н аповрзување, тоа до некаде го зголемува и квалитетот на живеењето на граѓаните и олесенета комуникација и доколку го користиме како компании зголемена конкурентност. И за нас тие вложуања и тие трошења на пари се додека ја поттикнуваат домашната економија и придружна економија, мислиме дека е добра одлука“, рече Миле Бошков, Претседател на Конфедерација на работодавачи

Бошков додава дека и инвестирањето од страна на Владата во градежниот сектор ќе придонесе и за раст на животниот стандард. Тој вели дека градежните компании ќе привлечат поголем број работници од повеќе сектори и ќе се зголеми и личната потрошувачка со што директно ќе се влијае на зголемен обем на внатрешната трговија. Бошков е дециден и дека компаниите мора да го следат инвестирањето на државата и тие да внесат свеж капитал за растот да се преслика и во подобар животен стандард.

„Очигледно е јавните трошења секојпат ја поттикунуваат економијата. Неслучајно гледаме раскопани градови низ Европа кои ја подобруваат инфраструктурата. И тоа се политики и тактики кои ја задржуваат политиката на локалното место. Тоа мора да го правиме и ние за да можеме навистина да ја вртиме економијата во нашите рамии, во нашите граници“, додаде Бошков.

Според дел од бизнис заедницата, ваквиот буџет, кој има развојна компнентна би требало да се поддржи од страна на Собранието. Средствата кои Владата ќе ги вбризга во економијата мора да дојдат што е можно поскоро за да може бенифитот да биде почуствуван од бизнис секторот и граѓаните. Со вакви инвестиции и промена на концептот на буџет, кој место да се користи за вработувања во државниот сектор се  префрла во бизнис секторот, бизнисмените се убедени дека ќе донесе додадена вредност за иден раст на економијата во следните неколку години.

Реклама

Уште од Tоп