По најавите на Владата за намалување на цените на основните прехранбени производи и притисокот врз маркетите, граѓаните се со поделени очекувања. Додека се чека конечниот договор и евентуалните законски мерки, граѓаните секојдневно прават математики пред маркетите дел од анкетираните граѓани велат дека сметките на каса се високи, па затоа се надеваат дека наскоро ќе почувствуваат олеснување на семејниот буџет. Други пак, не се големи оптимисти дека цените значително ќе се намалат.
Граѓаните сметаат дека овој потег на Владата е за поздрав.
Кога најавите за поевтини производи во маркетите ќе се претворат во реалност и ќе ја растoварат потрошувачката кошничка, останува да се види во периодот што следува. Премиерот Мицкоски веќе оствари средба со претставници на големите ланци на маркети,а најави и состанок со производителите и дистрибутерите. Позицијата на премиерот е дека основните прехранбени производи мора да поевтинат, и порача, дека, доколку тоа не се случи, Владата има механизми како да се справи со самоволието на пазарот.
Ана Минин
