Полициски службеници уапсиле битолчанец откако при претрес во неговиот дом пронајдени се повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, марихуана и банкноти во различни апоени. -Во Битола, полициски службеници од СВР Битола вчера го лишија од слобода З.Б.(32) од Битола. При претрес во домот и помошните простории кои ги користи, извршен со наредба од […]
Полициски службеници уапсиле битолчанец откако при претрес во неговиот дом пронајдени се повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, марихуана и банкноти во различни апоени.
-Во Битола, полициски службеници од СВР Битола вчера го лишија од слобода З.Б.(32) од Битола. При претрес во домот и помошните простории кои ги користи, извршен со наредба од Основен суд Битола, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, марихуана и банкноти во различни апоени – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека лицето е задржано во полициска станица и најавуваат дека по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
