Повеќе од илјада нови проекти, близу 300 милиони евра инвестиции и ветување за подобар живот во секоја општина. Вака министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ги сумираше изминатите две години работа, презентирајќи резултати кои,според него, отвораат ново поглавје за македонските општини…Според податоците кои ги презентираше,преку два јавни повици се одобрени дури 1.116 инфраструктурни проекти вредни […]
Повеќе од илјада нови проекти, близу 300 милиони евра инвестиции и ветување за подобар живот во секоја општина. Вака министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ги сумираше изминатите две години работа, презентирајќи резултати кои,според него, отвораат ново поглавје за македонските општини…Според податоците кои ги презентираше,преку два јавни повици се одобрени дури 1.116 инфраструктурни проекти вредни 298,7 милиони евра. Инвестиции кои треба да донесат нови улици, водоводи, канализации, реконструирани училишта и градинки, како и модерни јавни објекти.
Преку програмите за регионален развој се поддржани 185 проекти вредни околу 8 милиони евра, а преку европските фондови се реализираат уште 39 проекти вредни повеќе од 21 милион евра. Перински вели дека Македонија мора да престане да ги лекува последиците и конечно да почне да ги решава причините за проблемите.
„Најважното што го направивме во изминатите две години не се само бројките. Најважното е што го променивме пристапот – од модел во кој се реагираше на проблемите, кон модел кој создава услови тие проблеми да не се повторуваат. Од политика на ад хок решенија кон политика на системски промени. Македонија чекори напред со јасна определба – да не ги менаџираме последиците, туку да ги решаваме причините“, порача Перински.
Општините добиваат и нова поддршка.Перински кажа дека за првпат е формиран ресурсен центар кој ќе им помага во работата.Тој најави дека паралелно, се средуваат и даночните бази, процес кој можеби не е највидлив за граѓаните,но според министерот Перински е клучен за иднината на општините.
