Завршува војната на Блискиот Исток – САД и Иран потпишаа Меморандум за разбирање на самитот во Франција. Договорот, кој предвидува прекин на огнот и почеток на 60-дневни преговори за постигнување трајно примирје, беше потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Според договорот, составен од 14 точки, првиот чекор ќе биде повторно […]
Завршува војната на Блискиот Исток – САД и Иран потпишаа Меморандум за разбирање на самитот во Франција. Договорот, кој предвидува прекин на огнот и почеток на 60-дневни преговори за постигнување трајно примирје, беше потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Според договорот, составен од 14 точки, првиот чекор ќе биде повторно отворање на Ормускиот Теснец за непречен меѓународен поморски сообраќај. Во замена, САД ќе ја укинат блокадата на иранските пристаништа и привремено ќе ги суспендираат санкциите поврзани со извозот на иранска нафта. Според Трамп, овој договор е клучен за спречување на „економска катастрофа“.
„Нормалниот проток на енергија ќе се обнови во следните денови. Светот ќе заработи трилиони долари, а берзите ќе се нормализираат. Не сакав економска катастрофа. Да продолжевме со ова, можеше да се случи“, изјави Доналд Трамп, претседателот на САД.
Меморандумот предвидува и почеток на нови разговори за иранската нуклеарна програма, како и формирање фонд во вредност од 300 милијарди долари за обнова и економски развој на Иран. Иако ја поддржа иницијативата, Трамп нагласи дека САД нема директно да учествуваат во финансирањето на фондот.
Потпишувањето на договорот веднаш се одрази на светските финансиски пазари. Цената на нафтата се намали, а барел сурова нафта падна под 80 долари. Во исто време, цената на златото и среброто се зголеми за повеќе од еден процент.
