Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, денеска е уапсен во рамки на истрага за финансиски злоупотреби во ФФМ. Според информациите, паралелно се вршат претреси на повеќе локации, а неофицијално приведени се и неколку негово соработници. Апсењето следува шест години по кривичната пријава што Управата за финансиска полиција ја поднесе во 2020 година […]
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, денеска е уапсен во рамки на истрага за финансиски злоупотреби во ФФМ. Според информациите, паралелно се вршат претреси на повеќе локации, а неофицијално приведени се и неколку негово соработници.
Апсењето следува шест години по кривичната пријава што Управата за финансиска полиција ја поднесе во 2020 година против 11 физички и 14 правни лица, осомничени дека преку фиктивни фактури и други незаконски дејствија ја оштетиле Фудбалската федерација за околу 2,4 милиони евра.
Ѓоргиеоски се сомничи дека во 2019 година затаил данок на добивка и на грбот на државата заработил над 1,6 милиони денари.
Меѓу прведените неофицијално е и Олгица Младеновска која била задолжена за финансиите во Фудбалската федерација. Тој беше на чело на Федерацијата од 2012 до 2018 година.
Од Обвинителството не сопштуваат детали: Велат акцијата е во тек и се вршат претреси на неколку локации.
Истрагата пред шест години опфати и сомнежи за злоупотреба на службена кредитна картичка, фиктивни фактури за услуги и стоки кои никогаш не биле испорачани, како и перење пари, злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување.
Надлежните институции засега не откриваат повеќе детали за денешната акција.
Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП. Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствијата што се преземаат, информираат од ОЈО ГОКК.
Ова е второ апсење во ФФМ. Во април годинава беше уапсен и експретседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, под сомнение дека проневерил околу 700 000 евра, средства што Европската фудбалска организација ѝ ги доделила на ФФМ за градежни работи на стадионот во Охрид.
