Skip to content

Банкарите смируваат: Каматите ќе растат минимално, постепено и контролирано

Благо покачување на каматните стапки кое ќе биде минимално и постепено. Вака дел од банкарите најавуваат дека ќе реагираат деловните банки, откако вчера Народната банка реши да ја зголеми основната каматна стапка. Покачувањето од 0,25 процентни поени од 4 на 4,25% за нив не е изненадување, туку очекуван потег по сигналот на Европската централна банка […]

Благо покачување на каматните стапки кое ќе биде минимално и постепено. Вака дел од банкарите најавуваат дека ќе реагираат деловните банки, откако вчера Народната банка реши да ја зголеми основната каматна стапка. Покачувањето од 0,25 процентни поени од 4 на 4,25% за нив не е изненадување, туку очекуван потег по сигналот на Европската централна банка која го направи тоа претходно.

„Зголемувањето на каматните стапки преку банките  ќе биде многу постепено бидејќи ние сме овде да ја поддржиме домашната економија и треба тоа да го направиме на многу контролиран и одржлив начин.  Ќе ги набљудуваме ефектите“ – вели Хрисула Кутуди – генерален извршен директор на Стопанска Банка Скопје.

Тензиите на Блискиот Исток предизвикаа неизвесност и претпазливост врз економиите, а имаа негативно влијание и врз банките како кредитори на инвестициите на населението и бизнисот. Банкарите велат дека засега инфлацијата е зголемена, но контролирана, а нивната цел е да ја поддржат локалната економија и во време на криза.

„2026-та е година на висока неизвесност и висока конкурентност. Имаме нов развој на настаните што треба да се следи. Ефектите не се многу силни врз македонската економија и инфлацијата е контролирана. Задоволни сме од нашите квартални резултати, но знаеме дека треба да направиме поголем напор во следните квартали за да ја задржиме позицијата“ – вели Хрисула Кутуди – генерален извршен директор на Стопанска Банка Скопје.

Гувернерот на Народната Банка Трајко Славески рече дека во услови на пораст на цените, подобро е да има зголемени каматни стапки, отколку зголемена инфлација. Затегнувањето на монетарната политика обично е сигнал до деловните банки да ги поскапат депозитите и кредитите, како би се намалило кредитирањето и повлекле парите од оптек. Македонија регистрира инфлација од 4,8% во мај.

Реклама

Уште од Tоп