Тепачките на улиците меѓу младите и се почестото девијантно однесување во и надвор од училиштата, стануваат се посериозен општествен проблем. Надлежните уверуваат дека потребна е поголема координирана акција меѓу сите институции за подигање на јавната свест и кај младите и родителите, со цел поефикасно справување со овој предизвик. Министерот за социјална политика, демографија и млади, […]
Тепачките на улиците меѓу младите и се почестото девијантно однесување во и надвор од училиштата, стануваат се посериозен општествен проблем. Надлежните уверуваат дека потребна е поголема координирана акција меѓу сите институции за подигање на јавната свест и кај младите и родителите, со цел поефикасно справување со овој предизвик. Министерот за социјална политика, демографија и млади, Лимани порача дека насилството не смее да се третира како изолиран проблем, туку како предизвик што бара итно дејствување од сите чинители во општеството.
„Насилството кај младите не е проблем на една институција, туку предизвик за целото општество и затоа нашиот одговор мора да биде заеднички, координиран и одлучен“, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади
„Најважно е младите да бидат слушнати, да имаат глас и да живеат во средина без страв и насилство“, изјави Килијан Вал, амбасадор на ОБСЕ
Дека образовниот систем има клучна улога во раното препознавање и спречување на врсничкото насилство потврди и министерката за образование. Јаневска потенцираше дека фокусот на институциите, треба да биде ставен на превентивните механизми се со цел да се создаде безбедна средина во училиштата.
„Нашата задача е насилството да го сведеме на најниско можно ниво преку јакнење на превенцијата и создавање безбедна училишна средина“, изјави Весна Јаневска – министерка за образование и наука.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека полицијата веќе има засилено присуство и интензивна комуникација со училиштата.
„Врсничкото насилство бара сериозен одговор од повеќе институции. Станува збор за појава што зема замав и мораме да одговориме со заеднички сили“, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, додавајќи дека полицијата е во постојана комуникација со училиштата и има засилено присуство меѓу учениците.
За координирано справување формирана е првата работна група од Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која ќе има за цел да ги зајакне институционалните капацитети во земјата и активно да ги вклучи младите во процесите на одлучување и креирање политики поврзани со нивната безбедност.
