Skip to content

Изградба на нова водоводна мрежа на Мрзенски рид во Гевгелија

Жителите на населбата во Мрзенски рид ќе се приклучат на главниот резервоар за вода преку нов цевковод чија изградба ја започна Општина Гевгелија. Општинските власти информираат дека  е предвидено новата водоводна мрежа да се изгради во должина од околу 1 200 метри на улицата „Александар Бел“, со што новата урбана населба на Мрзенски рид ќе […]

Жителите на населбата во Мрзенски рид ќе се приклучат на главниот резервоар за вода преку нов цевковод чија изградба ја започна Општина Гевгелија.

Општинските власти информираат дека  е предвидено новата водоводна мрежа да се изгради во должина од околу 1 200 метри на улицата „Александар Бел“, со што новата урбана населба на Мрзенски рид ќе добие целосна подземна инфраструктура.

-Овој цевковод директно се приклучува на главниот резервоар, обезбедувајќи сигурно и квалитетно водоснабдување за сегашните и идните жители од населбата Мрзенски рид. Со реализацијата на проектот се создаваат услови за понатамошен развој на населбата, а со тоа се овозможува секој дел од општината да добива современа и функционална комунална инфраструктура, велат од Општина Гевгелија.

Инвестицијата е дел од неколку инфраструктурни проекти кои во изминатиот период се реализираа во Гевгелија и населените места, во кои влегуваат водоводни и канализациски мрежи, реконструкција на улици, како и уредување на јавните простори.

Реклама

Уште од Вести