Skip to content

Димитровски: Портали поврзани со Бугарија водат кампања против македонскиот идентитет

Портали поврзани со Бугарија водат камапања против македонскиот идентитет.  Владата е подготвена и презема мерки против хибридни закани. На дезинформациите и кампањата против Макеоднија предупреди заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски. Тој вели дека дезинформациите имаат задача да ја поткопаат довербата во институциите и македонскиот идентитет, но и да создадат создадат поделби во општеството. […]

Портали поврзани со Бугарија водат камапања против македонскиот идентитет.  Владата е подготвена и презема мерки против хибридни закани. На дезинформациите и кампањата против Макеоднија предупреди заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски. Тој вели дека дезинформациите имаат задача да ја поткопаат довербата во институциите и македонскиот идентитет, но и да создадат создадат поделби во општеството.

Димитровски учествуваше на Состанокот на Евроопа за општи работи во Луксембург и оттаму порача дека Макеоднија е подготвена за спречување странско мешање и хибридни закани.

Во изминатиот период се соочуваме со засилени и сериозни дезинформациски и хибридни активности, кои доаѓаат од структури и медиумски платформи поврзани со нашиот источен сосед и имаат цел да ја поткопаат довербата во институциите, да го поткопаат нашиот идентитет и да создадат поделби во општеството – нагласи Димитровски. Во овој контекст посочи дека остануваме цврсто посветени на добрососедските односи, меѓусебното почитување и конструктивниот дијалог, во духот на европските вредности и нашата заедничка европска иднина, вели Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи

Тој исто така истакна и дека манипулациите и странските влијанија во информацискиот простор денес претставуваат една од најсериозните закани за демократската безбедност, да ја нарушат довербата во институциите и да ги поткопаат демократските процеси, особено изборите.

Слободни избори, независни медиуми и итен одговор на хибридните закани и странските влијанија – ова се клучните столбови на новата европска иницијатива „Европски штит за демократија”, што беше во фокусот на министерскиот состанок во Луксембург.

На состанокот учествуваа министри од земјите кандидатки и потенцијални кандидатки за членство во Унијата, кои дебатираа за конкретни чекори за зајакнување на демократската отпорност.

Реклама

Уште од Tоп