Skip to content

Јаневска: можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и мир

Учениците оваа година  испитите ги полагале совесно и без злоупотреби.  Само шеесет од нив  биле фатени  како препишуваат од страна на тестаторите и биле отстранети од испитот. Годинава вели министерката Јаневска полагањето на Државната матура поминала во најдобар ред. Потенцира дека учениците  совесно си ја завршиле својата работа. -Можеме да се пофалиме дека оваа година […]

Учениците оваа година  испитите ги полагале совесно и без злоупотреби.  Само шеесет од нив  биле фатени  како препишуваат од страна на тестаторите и биле отстранети од испитот. Годинава вели министерката Јаневска полагањето на Државната матура поминала во најдобар ред. Потенцира дека учениците  совесно си ја завршиле својата работа.

-Можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и мир, организирана така како што треба, во најголем дел во големи простори каде учениците немаа можност да прибегнат кон нелегални дејствија -истакна Министерката за образование Весна Јаневска.

Таа посочи дека бројот на ученици кои биле отстранети од испитите поради препишување е значително намален во споредба со претходните години.

– Од испитот се отстранети само двата дела, првиот и вториот дел, од двата само шеесетина ученици, што значи  имаме одличен напредок во спроведувањето на матурата-истакна Министерката за образование Весна Јаневска.

Јаневска информира дека  учениците кои препишувале повторно ќе  полагаат во следниот испитен рок во август. Додаде и дека годинава е воведен нов пристап во полагањето, со два типа на матура во зависност од наставните планови и програми, со што, како што рече, е исправена досегашната нерамноправност меѓу учениците. Државна матура оваа година полагаа  14.587  матуранти во Македонија.

Реклама

Уште од Tоп