Македонија одлично се снајде во време на криза. Сега останува предизвик и за Македонија и за Црна Гора во идниот период е структурно да се реши одредена проблематика преку продуктивноста и зајакнувањето на индустриите кои се главни приходни елементи на нашите економии. Алфа: Денеска се одржува самитот на ЦЕВ, голем глобален меѓународен самит во регионот […]
Македонија одлично се снајде во време на криза. Сега останува предизвик и за Македонија и за Црна Гора во идниот период е структурно да се реши одредена проблематика преку продуктивноста и зајакнувањето на индустриите кои се главни приходни елементи на нашите економии.
Алфа: Денеска се одржува самитот на ЦЕВ, голем глобален меѓународен самит во регионот под покровителство на Словенија или Словенија е носител на целата акција уште од две илјади и прва година. Денеска Скопје и Македонија се домаќини. Гостин во вестите на телевизија Алфа е министерот за финансии на Црна Гора. Добро вечер. Добро дојдовте во вестите на телевизија Алфа.
Новица Вучковиќ, Министер за финансии на Црна Гора: Добровечер и задоволство ми е што за првпат зборувам за македонска телевизија. Голем поздрав до вашите граѓани, им посакувам сè најдобро. Навистина, уште на самиот почеток сакам да го искажам моето големо задоволство што се наоѓаме во Скопје.
Алфа: Ме интересира ваше размислување или ваше гледиште како министар за финансии, но и како експерт за целокупната глобална криза која што полека завршува по потпишувањето на договорот помеѓу Иран и САД.
Министер: Тоа дефинитивно е предизвик за кој малите и зависни економии — каде што можам да кажам дека спаѓаат и вашата и нашата — не сакаат никогаш да се случи. Особено е голем предизвик кога тоа ќе се случи во текот на вашиот мандат. Во овој случај, во мандатот на вашата почитувана министерка, а исто така и во мојот, предводејќи ја Црна Гора. Самиот по себе, овој предизвик покажува дека не постојат неограничени механизми со кои можете да реагирате во одреден момент за да го заштитите стандардот на граѓаните, да ја анулирате појавата на инфлација и со тоа да обезбедите долгорочна стабилност. Значи, државата и економијата, како во Македонија така и во Црна Гора, самите да не ги почувствуваат последиците.
Алфа: Како вие во Црна Гора се справивте со оваа криза, колку црногорскиот народ ја осети на своја кожа ценовната инфлација и колку цените на нафтата реално успеавте да ги задржите и да не влијае многу на инфлацијата.
Министер: Можам да кажам кое е тоа решение што Црна Гора некако успеа да го согледа, тој однос меѓу инфлацијата и (не)растот на цените на нафтата. Имавме неколку реакции преку самата одлука каде што нашето законско решение, кога зборуваме за активната политика, ни дозволи да преземеме одреден износ на товар на буџетот. Тоа беше последица од она што се случуваше на меѓународниот пазар и на тој начин го ублаживме тој прв удар врз буџетот на граѓаните на Црна Гора.
Во меѓувреме, и во претходниот период, Црна Гора работеше на зголемување на самите плати, како во приватниот, така и во јавниот сектор. Тоа беше една сеопфатна реформа која на тој начин обезбеди подобар стандард на граѓаните во изминатиот период, па оваа појава што се случи немаше позначајно влијание врз самите трошоци. Кога зборуваме за ова, вклучувајќи ја и инфлацијата, успеавме на некој начин да направиме и трговските синџири да не реагираат на тој начин, токму затоа што преку споменатата одлука го анулиравме и го презедовме тој трошок на товар на буџетот.
Она што е предизвик и за Македонија и за Црна Гора во идниот период е структурно да се реши одредена проблематика преку продуктивноста и зајакнувањето на индустриите кои се главни приходни елементи на нашите економии. Во Црна Гора тоа секако е туризмот.
Алфа: Ме интересира на крај ваше размислување. Сигурно ја пратите ситуацијата на Балканот, но и во Македонија. Што сметате колку успеа Македонија успешно да се справи со сите овие предизвици кои што стоја пред нејзе.
Министер: Она што навистина со професионална сигурност можам да го кажам, а и од своето лично искуство и соработката меѓу Министерството за финансии на Црна Гора и Министерството за финансии на Македонија, е дека навистина имате исклучителна министерка за финансии. Таа одлучност што ја споделуваме е насочена кон сите предизвици во кои во овој момент се наоѓаат Црна Гора и Македонија. Тоа дефинитивно е и нашиот претпристапен пат кон Европската Унија, каде што Црна Гора во овој момент е евидентно следната членка на Европската Унија со околу 16 затворени поглавја. Навистина до крајот на годината имаме обврска да ги затвориме сите поглавја.
Македонија е исто така некој кој во самите преговори, кога заедно го споделуваме тој амбиент со Европската комисија, навистина има направено многу. Она што е клучно е политичката волја и одлучноста, како на нашиот, така и на вашиот парламент, преку самата поддршка, измена и усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската Унија. За потоа реформите навистина да можат да доживеат имплементација, а самите граѓани да го почувствуваат бенефитот.
Верувам дека Македонија навистина го има тој интегритет и дека во наредните години многу успешно ќе се приближите и ќе станете членка на Европската Унија — тоа ви го посакувам навистина од сè срце и во тоа сум убеден. Ќе повторам дека одлучноста на вашата министерка за финансии и начинот на кој таа и јас заедно се бориме кога сме на меѓународната сцена, навистина може да ги охрабри граѓаните на Македонија дека сите заедно сме на вистинскиот пат.
Ви благодарам многу на вашето гостување.
Министер: Ви благодарам и вам за интересот за ова интервју и голем поздрав. Испраќам отворена покана за Црна Гора, доаѓа летната туристичка сезона, а исто така и граѓаните на Црна Гора дефинитивно ја гледаат Македонија како место за одмор. Ви благодарам најмногу.
