Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета во Битола, каде што ќе оствари средба со раководството на Општина Битола, а потоа ќе изврши увид во тековните градежни активности во киното „Партизан“. -Работната агенда продолжува со посета на Јени-џамија и увид во конзерваторските и реставраторските работи што се реализираат на […]
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета во Битола, каде што ќе оствари средба со раководството на Општина Битола, а потоа ќе изврши увид во тековните градежни активности во киното „Партизан“.
-Работната агенда продолжува со посета на Јени-џамија и увид во конзерваторските и реставраторските работи што се реализираат на овој значаен објект од културното наследство. Посетата на Битола ќе заврши со обиколка на археолошкиот локалитет Хераклеја, информира Министерството за култура и туризам.
