Општина Дебар започна со реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за градот, изградба на јавни паркинзи, со цел подобрување на сообраќајниот режим, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за граѓаните и посетителите на градот. -Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција […]
Општина Дебар започна со реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за градот, изградба на јавни паркинзи, со цел подобрување на сообраќајниот режим, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за граѓаните и посетителите на градот.

-Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција со вкупна вредност од 16.215.470 денари. Ќе се изгради простор со 250 паркинг места а инвестицијата е на Општина Дебар. Изведувач на работите е АРХ Конструкцион ДООЕЛ – Тетово, додека стручниот надзор го врши МГ Проект ДООЕЛ – Скопје, информираше градоначалникот Фисник Меља.
Додава дека овој проект е резултат на посветеноста на локалните институции и одличната соработка со централната власт, што претставува уште една потврда за заедничката заложба за развојот на Дебар.

-Во таа насока, значајна е и поддршката од претставниците на коалицијата ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, кои континуирано ги поддржуваат проектите насочени кон локален развој и унапредување на општинската инфраструктура, посочува Меља.
Ова, инаку е прв ваков проект во градот , каде на големо се чувствува недостигот на простор за паркирање, кој посебно е изразен во летниот период кога во градот престојуваат иселениците.
-Општина Дебар останува посветена на реализација на конкретни проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и придонесуваат за создавање на помодерен, пофункционален и подобро организиран град за сите, нагласи Меља.

На почетокот на работите, вчера попладне, присуствуваа Касами и Меџити, со кои на средбата во кабинетот на Меља разговарале и околу пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop” со Албанија, како и за реализација на други проекти од интерес на жителите на општината.
