Skip to content

„Сите нека знаат“ – во Скопје се одржа Парадата на гордоста

Парада на гордоста попладнево се одржа во Скопје. Собирот кој се одржува по осми пат, започна во 19:00 часот од кај Фонтаната во Градскиот парк, а заврши во Жена парк. „Скопје Прајд 2026“, како што посочија организаторите, претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот со порака за видливост и солидарност. -И оваа […]

Парада на гордоста попладнево се одржа во Скопје. Собирот кој се одржува по осми пат, започна во 19:00 часот од кај Фонтаната во Градскиот парк, а заврши во Жена парк.

„Скопје Прајд 2026“, како што посочија организаторите, претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот со порака за видливост и солидарност.

-И оваа година останува форматот на протестна поворка која почнува тука од пред фонтаната Лотус и преминува низ неколку улици во градот. Оваа година слоганот на Парадата на гордоста е „Сите нека знаат“ кој укажува на потребата на ЛГБТ – заедница да биде видлива, изјави меѓу другото Ангел Димитриевски.

Реклама

Уште од Tоп