Skip to content

Во Пехчево одржана обука за примена на вештачката интелигенција за унапредување на дигиталните компетенции на жените

Во Пехчево заврши обуката во рамките на проектот „AI4HerWellbeing“, насочена кон унапредување на дигиталните компетенции, менталната благосостојба и економското оснажување на жените преку примена на современи технологии и вештачка интелигенција. Во рамки на обуката, учесничките се запознаа со практични AI алатки кои можат да се користат во секојдневната работа, за подобрување на професионалните вештини и […]

Во Пехчево заврши обуката во рамките на проектот „AI4HerWellbeing“, насочена кон унапредување на дигиталните компетенции, менталната благосостојба и економското оснажување на жените преку примена на современи технологии и вештачка интелигенција.

Во рамки на обуката, учесничките се запознаа со практични AI алатки кои можат да се користат во секојдневната работа, за подобрување на професионалните вештини и за полесно адаптирање на барањата на современиот пазар на труд. Посебно внимание беше посветено на улогата на дигиталните технологии во поддршката на менталното здравје и намалувањето на стресот.

-Преку интерактивни работилници, практични вежби и дискусии, присутните имаа можност да разменат искуства, да поставуваат прашања и да ги согледаат можностите што ги нуди вештачката интелигенција за личен и професионален развој, истакнаа Цветанка Штерјова Бурзевска, професионален гешталт терапевт и терапевт по арт-терапија и Моника Ризовска Таневска, AI експерт, кои преку својата експертиза ги презентираа придобивките и практичната примена на современите технолошки алатки.

Организаторите изразија благодарност до Општина Пехчево за поддршката при реализацијата на настанот, како и до сите учеснички за нивниот активен придонес во создавањето мотивирачка средина за учење и размена на знаења.

Проектот „AI4HerWellbeing“ е кофинансиран од Европската Унија во рамките на мрежата „Младински Хаб на Западен Балкан и Турција“ и има за цел да придонесе кон поголема инклузивност, еднакви можности и подобар квалитет на живот на жените преку користење на иновативни пристапи и нови технологии.

Реклама

Уште од Вести