Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, како што информираат од неговиот кабинет, продолжува да ги вреднува, поддржува и наградува трудот, знаењето и креативноста на младите, кои со своите идеи се позитивен пример и инспирација за целата заедница. Имено, денеска тој имал средба со учениците и нивните менторки од ООУ „Гоце Делчев“, кои со својата посветеност […]
Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, како што информираат од неговиот кабинет, продолжува да ги вреднува, поддржува и наградува трудот, знаењето и креативноста на младите, кои со своите идеи се позитивен пример и инспирација за целата заедница.
Имено, денеска тој имал средба со учениците и нивните менторки од ООУ „Гоце Делчев“, кои со својата посветеност и тимска работа создле исклучително вреден проект – прототип на апликација „ВИНИ МАПС“.

-Учениците ми ја презентираа апликацијата која ја развиле со цел да ја подобрат информираноста за културните настани во општината, да понудат практичен водич низ нашиот град и да овозможат пристап до корисни информации за граѓаните, посетителите и сите оние кои сакаат подобро да ја запознаат Виница, цитиран е градоначалникот Костадиновски во соопштението доставено до медиумите.

Како поддршка на нивниот труд и заложба, според Костадиновски, апликацијата „ВИНИ МАПС“ ќе биде поставена на официјалната веб-страница на Општина Виница и ќе биде достапна за сите корисници, а учениците и менторите ќе бидат наградени со вредносни ваучери.

Тимот кој работешл на создавање на прототип на апликација „ВИНИ МАПС“ е составен од учениците: Евдокија Ристова, Лука Ристов, Андреј Ефтимов, Андреа Ѓорѓиев, Никола Петровски и Горијан Алексов и менторите Данче Каранфиловска и Славица Цонева.
