Skip to content

Пешачкиот мост во Делчево привремено затворен поради нови вандалски оштетувања

Пешачкиот мост во Делчево повторно бил цел на вандалски оштетувања, поради што локалната самоуправа донесе одлука тој привремено да биде затворен за користење сè до неговата целосна санација и обезбедување безбедни услови за движење на граѓаните. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски информираше дека мостот со години наназад во повеќе наврати бил оштетуван на различни начини, […]

Пешачкиот мост во Делчево повторно бил цел на вандалски оштетувања, поради што локалната самоуправа донесе одлука тој привремено да биде затворен за користење сè до неговата целосна санација и обезбедување безбедни услови за движење на граѓаните.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски информираше дека мостот со години наназад во повеќе наврати бил оштетуван на различни начини, а ваквите постапки директно ја загрозуваат безбедноста на пешаците кои секојдневно го користат.

Според него, преку општинскиот систем за видео надзор и во соработка со надлежните институции, идентификувани се дел од сторителите, против кои ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

– Безбедноста на граѓаните за нас како институција е секогаш на прво место. Во координација со надлежните институции донесовме одлука пешачкиот мост привремено да биде затворен сè додека не се изврши негова целосна санација и не се обезбеди неговата функционалност и безбедност, посочува градоначалникот.

Во обраќањето Гоцевски нагласи дека општината нема да дозволи трудот, вложените средства и заедничкиот интерес на граѓаните да бидат уништувани од неодговорни поединци, додавајќи дека ќе продолжи со инвестиции во јавната инфраструктура, но и со бескомпромисен однос кон сите што го оштетуваат јавниот имот.

Воедно, упати апел до граѓаните доколку забележат вандалско однесување или уништување на јавен имот, веднаш да го пријават до надлежните институции, со цел заеднички да се придонесе за зачувување на безбедноста и јавната инфраструктура во општината.

Реклама

Уште од Вести