Skip to content

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во градежни активности за изградба на фекална канализација во населбата Бабин Дол – Припор

Градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска изврши увид во градежните активности за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населбата Бабин Дол – Припор – соопштија од Општина Кисела Вода. Како што се појаснува, проектот се реализира во рамките на програмата „Унгарски кредит – проекти фаза 2“,во согласност со договорот склучен меѓу Владата и Министерството за […]

Градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска изврши увид во градежните активности за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населбата Бабин Дол – Припор – соопштија од Општина Кисела Вода.

Како што се појаснува, проектот се реализира во рамките на програмата „Унгарски кредит – проекти фаза 2“,во согласност со договорот склучен меѓу Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање за периодот 2025 – 2027 година.

– Продолжуваме со реализација на капитални инфраструктурни проекти што обезбедуваат подобри услови за живеење на граѓаните. Изградбата на фекалната канализација во Бабин Дол – Припор е долгогодишна потреба на жителите и уште еден чекор кон модерна и функционална комунална инфраструктура во општината – се истакнува во пишаната изјава на градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.

Од локалната самоуправа истакнаа дека со реализација на овој проект значително ќе се подобрат санитарните услови и квалитетот на живот на жителите од овој дел на општината.

Реклама

Уште од Вести