Во Отвореното графичко студио во Музејот на град Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Морфологија на градот“ на Јелена Белиќ, која преку графики ги истражува урбаните структури и трансформации на Скопје. Во рамките на програмата ќе биде промовиран и фанзинот „Нештата што исчезнуваат“, заеднички проект на „Скопје колаж колектив“ и „Партизанска штампа“, посветен на исчезнатите […]
Во Отвореното графичко студио во Музејот на град Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Морфологија на градот“ на Јелена Белиќ, која преку графики ги истражува урбаните структури и трансформации на Скопје.
Во рамките на програмата ќе биде промовиран и фанзинот „Нештата што исчезнуваат“, заеднички проект на „Скопје колаж колектив“ и „Партизанска штампа“, посветен на исчезнатите простори, објекти и спомени од колективната меморија на градот.
Музичкиот дел го сочинуваат настапите на Тодор Караколев, кој по двегодишна пауза се враќа со свој соло концерт, и YVA & The Toy George, проект на српската музичарка која живее во Рим, Ива Станишиќ, чија музика спојува електронски, хип-хоп и балкански влијанија во енергично и жанровски неконвенционално сценско искуство.
Настанот се организира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Центар.
