Евротинк – Центар за европски стратегии денеска во „Јуроп хаус“ ќе организира завршен настан на проектот „Медиумите за ЕУ“ Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој во партнерство со АЛДА и БИРС го спроведуваше од 1 март 2023 до 30 јуни 2026 со финансиска […]
Евротинк – Центар за европски стратегии денеска во „Јуроп хаус“ ќе организира завршен настан на проектот „Медиумите за ЕУ“ Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој во партнерство со АЛДА и БИРС го спроведуваше од 1 март 2023 до 30 јуни 2026 со финансиска поддршка од Европската Унија.
На настанот ќе бидат презентирани постигнувањата при имплементацијата на проектот „Медиумите за ЕУ“ и резултатите од анкетата „Еврометар 2026“ и ќе се дебатира на тема: „Професионалното новинарство во светот на алгоритмите“.
-Последниот дел од настанот е наменет најмногу на медиумската заедница на кој ќе се дебатира за предизвиците во новинарството со новите платформи: новинарство; водителство; маркетинг; бизнис. Воведничари на дебатата ќе бидат: Сефер Тахири – универзитетски професор и експерт за медиуми; Вања Мицевска – новинарка, ТВ Телма; и Билјана Георгиевска – претставничка на СЕММ, информира Евротинк – Центар за европски стратегии.
