Во општина Делчево започна реализацијата на инфраструктурни проекти значајни за подобрување на условите за живот на граѓаните, информираше градоначалникот Иван Гоцевски. Тој изрази задоволство од динамиката и квалитетот на градежните активности во населбата „Пролет“, каде во тек е интензивна изградба на неколку улици. – Денес извршив увид на улицата „4в“, како и на делови од […]
Во општина Делчево започна реализацијата на инфраструктурни проекти значајни за подобрување на условите за живот на граѓаните, информираше градоначалникот Иван Гоцевски.
Тој изрази задоволство од динамиката и квалитетот на градежните активности во населбата „Пролет“, каде во тек е интензивна изградба на неколку улици.
– Денес извршив увид на улицата „4в“, како и на делови од улиците „1“, „3“ и „5“, во вкупна должина од 420 метри. Очекувам со завршувањето на овој проект населбата да добие современа и функционална патна инфраструктура, што значително ќе придонесе за побезбедно одвивање на сообраќајот, подобрување на квалитетот на живот на жителите и унапредување на урбаниот изглед на овој дел од градот, истакна Гоцевски.
Тој додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи со посветени инвестиции во инфраструктурни проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните и обезбедуваат рамномерен развој на целата општина.
Реализацијата на овие активности е дел од пошироката стратегија за унапредување на комуналната инфраструктура во Делчево.
