Skip to content

Поставена нова урбана опрема на детските игралишта низ општина Илинден

Општина Илинден изврши обнова и замена на дел од реквизитите на детските игралишта низ општината, како и поставување на нова урбана опрема. Во населеното место Кадино, на игралиштето кај Домот на културата, како што информираат од општината, се поставени нови детски содржини, меѓу кои лулашка, лизгалка и две фигури во облик на коњче. Дополнително, на […]

Општина Илинден изврши обнова и замена на дел од реквизитите на детските игралишта низ општината, како и поставување на нова урбана опрема.

Во населеното место Кадино, на игралиштето кај Домот на културата, како што информираат од општината, се поставени нови детски содржини, меѓу кои лулашка, лизгалка и две фигури во облик на коњче. Дополнително, на игралиштето лоцирано помеѓу улиците „525“ и „500“ поставени се нова лизгалка, лулашка и клацкалка, како и две клупи и корпи за отпадоци.

На детското игралиште долж пешачката патека Марино-Кадино е извршено бетонирање на просторот, поставена е нова лулашка, клацкалката и две фигури во форма на коњче. Во населеното место Илинден, на игралиштето на улица „30“ дополнително се поставени нова лизгалка и клацкалка.

Исто така, во рамки на тековните активности поставена е и нова автобуска постојка во н.м Кадино кај „Пекабеско“. 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, апелираше до граѓаните да покажат поголема грижа и одговорност кон јавната инфраструктура и урбаната опрема, при што истакна дека општината континуирано инвестира во изградба и одржување на детски игралишта, паркови и други јавни содржини, кои се на располагање за сите граѓани, а нивното чувување е заедничка обврска и предуслов за создавање на уредена, модерна и функционална локална заедница, се вели во соопштението од Општина Илинден.

Реклама

Уште од Вести