Skip to content

Во Народната банка 58. сесија на Клубот на истражувачи

Во просториите на Народната банка денеска ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачи која е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. На сесијата ќе биде презентиран трудот „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните кредити се значајни за земјите во развој?“, […]

Во просториите на Народната банка денеска ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачи која е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

На сесијата ќе биде презентиран трудот „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните кредити се значајни за земјите во развој?“, од проф. д-р Бесиме Зибери и д-р Артина Беџети Бафтијари.

Трудовите што се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

Сесиите се од јавен карактер, а зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, информираат од Народната банка.

Реклама

Уште од Вести