Skip to content

Новоизбраната членка на ДКСК Зајковска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието

Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Катерина Зајковска, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Собранието претходно ја избра Зајковска со 56 гласа „за“ и еден „против“. Таа е од Скопје, дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Испразнетото место во ДКСК настана по оставката […]

Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Катерина Зајковска, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Собранието претходно ја избра Зајковска со 56 гласа „за“ и еден „против“. Таа е од Скопје, дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија.

Испразнетото место во ДКСК настана по оставката на Цвета Ристовска, откако се утврди дека иако во анкетниот лист пријавила дека нејзините синови имаат фирми, не пријавила дека една од фирмите учествувала во изборната кампања на Гордана Сиљановска -Давкова.

Реклама

Уште од Вести