Нападот на Бугарската амбасада да ти бил напад на целата ЕУ. Палењето на бугарските дипломатски возила очекувано ја окупираше и дебатата во бугарскиот парламент. Пратеникот на ГЕРБ-СДС и поранешен шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, изјави дека нападот врз бугарската мисија во Скопје не е само напад врз Бугарија, туку и врз Европската Унија. Тој […]
Нападот на Бугарската амбасада да ти бил напад на целата ЕУ. Палењето на бугарските дипломатски возила очекувано ја окупираше и дебатата во бугарскиот парламент. Пратеникот на ГЕРБ-СДС и поранешен шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, изјави дека нападот врз бугарската мисија во Скопје не е само напад врз Бугарија, туку и врз Европската Унија.
Тој рече дека ГЕРБ остро го осудува секое насилство и говор на омраза, оценувајќи дека тие претставуваат пречка за европската интеграција на Македонија и за развојот на регионалната соработка.
Георгиев нагласи дека „Францускиот предлог“ од 2022 година останува рамката за патот на земјата кон ЕУ и додаде дека отворените прашања не се меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Скопје и Брисел.
Тој ги повика македонските власти да ги истражат и санкционираат одговорните за нападот, оценувајќи дека ваквите инциденти не се преседан, туку повторување на претходни случаи.
