Во петок и сабота, коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ќе одржат состаноци посветени на можната реконструкција на Владата. Информацијата ја потврди премиерот Мицкоски, кој истакна дека очекува продолжување на добрата соработка со двете партии. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неодамна излезе со став дека предвремени парламентарни избори треба да се организираат напролет и повика […]
Во петок и сабота, коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ќе одржат состаноци посветени на можната реконструкција на Владата. Информацијата ја потврди премиерот Мицкоски, кој истакна дека очекува продолжување на добрата соработка со двете партии. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неодамна излезе со став дека предвремени парламентарни избори треба да се организираат напролет и повика на мобилизација на партиските структури. Премиерот одговори дека останува на позицијата парламентарните избори да се одржат во редовниот термин во 2028 година.
