Обраќање на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на одбележувањето на 36 години од основањето на партијата. Мицкоски викендов ги повика сите членови, симпатизери, поддржувачи и сите граѓани да се придружат на големиот народен собир по повод 36-от роденден на партијата на 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица. – Пред […]
Обраќање на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на одбележувањето на 36 години од основањето на партијата.
Мицкоски викендов ги повика сите членови, симпатизери, поддржувачи и сите граѓани да се придружат на големиот народен собир по повод 36-от роденден на партијата на 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица.
– Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија. Идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ – рече Мицкоски во видео пораката, која беше објавена на неговиот профил на Фејсбук.
