Skip to content

Продолжува изградбата на комуналната инфраструктура во населбата „Пролет“ во Делчево

Во населбата „Пролет“ во Делчево продолжуваат градежните активности за изградба на водоводната, канализациската и атмосферската инсталација, проект со кој се очекува значително подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на жителите. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска изврши увид во текот на работите на терен, при што изрази задоволство од динамиката со која се […]

Во населбата „Пролет“ во Делчево продолжуваат градежните активности за изградба на водоводната, канализациската и атмосферската инсталација, проект со кој се очекува значително подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на жителите.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска изврши увид во текот на работите на терен, при што изрази задоволство од динамиката со која се реализираат градежните активности.

Тој посочи дека обезбедувањето квалитетна инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа, нагласувајќи дека проектот претставува важен чекор кон создавање уредена, модерна и функционална населба.

Според Гоцевски, очекува работите да продолжат со досегашното темпо, по што жителите на населбата „Пролет“ ќе добијат современ урбан изглед и целосно нова и квалитетна комунална инфраструктура, што ќе придонесе за подобар квалитет на живеење.

Реклама

Уште од Вести