Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјата, Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете држави, како и силното партнерство во рамките на НАТО и меѓународните парламентарни организации – соопштуваат од Собранието. – Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ѝ ја […]
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјата, Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете држави, како и силното партнерство во рамките на НАТО и меѓународните парламентарни организации – соопштуваат од Собранието.
– Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ѝ ја дава на Македонија во процесот на европска интеграција. Во разговорот беше истакната важноста од задржување на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија како клучен инструмент за зајакнување на мирот, стабилноста и просперитетот на европскиот континент, стои во соопштението од Собранието.
Како што дополнуваат, амбасадорот Солстром ги поздравил одличните односи меѓу двете држави и посебен акцент ставил на работата на Собранието и на реформските процеси што се спроведуваат во насока на зајакнување на демократските институции и напредокот кон Европската Унија.
– Тој уште еднаш ја потврди силната и континуирана поддршка на Шведска за европската интеграција на Македонија истакнувајќи дека земјата несомнено припаѓа на европското семејство – наведуваат од Собранието.
Соговорниците се согласиле дека одличната соработка меѓу двете пријателски држави треба и понатаму да се продлабочува, со посебен фокус на унапредување на економската соработка, инвестициите и меѓупарламентарните врски.
