Skip to content

Истокот добива нов лик: Почнува изградбата на клучни експресни патишта

Македонија влегува во нов инвестициски циклус во патната инфраструктура. Се модернизираат патиштата во источниот дел на државата. Неделава ќе биде објавен тендер за изградба на експресниот пат Радовиш – Струмица, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека проектот предвидува проширување и модернизација на постојната сообраќајница, која во иднина треба да обезбеди побрза врска кон граничниот […]

Македонија влегува во нов инвестициски циклус во патната инфраструктура. Се модернизираат патиштата во источниот дел на државата.

Неделава ќе биде објавен тендер за изградба на експресниот пат Радовиш – Струмица, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека проектот предвидува проширување и модернизација на постојната сообраќајница, која во иднина треба да обезбеди побрза врска кон граничниот премин со Бугарија.

Паралелно со оваа делница, објавен е и тендер за изградба на експресниот пат Кочани – Виница – Делчево.

Во последните две години во локалната и регионалната инфраструктура се вложени повеќе од 350 милиони евра. Инвестирани се над 25 милиони евра за обнова на 96 улици во 72 општини, а реконструирани се повеќе од 72 километри локална патна мрежа.

Паралелно се работи и на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава – автопатот Кичево – Охрид. За негово комплетирање се обезбедени дополнителни 175 милиони евра, а според најавите на Владата, целата делница треба да биде пуштена во употреба во првиот квартал од 2027 година.

Во полн ек е и изградбата на автопатските делници од Коридорите 8 и 10-д. Станува збор за капитални проекти кои треба да ја подобрат поврзаноста на државата, да го забрзаат транспортот и да отворат нови можности за економски развој.

Реклама

Уште од Tоп