Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, и директорката на Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“, Александра Јаковчевска, потпишаа меморандум за соработка насочен кон унапредување на инклузивното образование и подигнување на свеста кај учениците од основните училишта за лицата со оштетен вид. Во рамките на соработката, соопштија од Општината, предвидена е реализација на едукативна […]
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, и директорката на Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“, Александра Јаковчевска, потпишаа меморандум за соработка насочен кон унапредување на инклузивното образование и подигнување на свеста кај учениците од основните училишта за лицата со оштетен вид.
Во рамките на соработката, соопштија од Општината, предвидена е реализација на едукативна кампања наменета за учениците од сите основни училишта на територијата на општина Илинден. Преку интерактивни работилници и предавања учениците ќе имаат можност непосредно да се запознаат со своите врсници со оштетен вид, да дознаат повеќе за нивното образование, секојдневие и предизвиците со кои се соочуваат.
Оваа иницијатива има цел да поттикне развој на емпатија, меѓусебна почит и разбирање кај младите, како и да придонесе кон создавање поинклузивна и похумана средина во која различностите се прифаќаат и вреднуваат.
Од Општината посочуваат дека со потпишување на меморандумот уште еднаш ја потврдуваат својата заложба за создавање инклузивна средина и поддршката што им ја дава на образовните процеси за развој на општество во кое секое дете има еднаква можност за учество и напредок.
