Меѓународна ликовна колонија се одржува во скопското село Љубанци. Ликовната манифестација се одржува во континуитет 16 години, со учество на 15 ликовни уметници од Македонија, Република Бугарија и Република Србија, соопшти општината Бутел. Ликовната колонија е збогатена и со учество на 40 ученици од основните училишта од општина Бутел. Локалната самоуправа секоја година го поддржува […]
Меѓународна ликовна колонија се одржува во скопското село Љубанци. Ликовната манифестација се одржува во континуитет 16 години, со учество на 15 ликовни уметници од Македонија, Република Бугарија и Република Србија, соопшти општината Бутел.
Ликовната колонија е збогатена и со учество на 40 ученици од основните училишта од општина Бутел.

Локалната самоуправа секоја година го поддржува овој настан и вложува во развој на културата. Вредните дела од ликовната колонија ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Ликовната колонија ќе заврши на 21 јуни, информираат од општината.
