Skip to content

Општина Ресен го продолжи рокот за пријавување штети од природна непогода голомразица

Општина Ресен денеска го продолжи рокот за пријавување штети на земјоделски насади од природна непогода, голомразица на територијата на таа општина. Пријавувањето на штетите се врши за природната непогода регистрирана во периодот од 1 до 4 мај годинава, а го зафати подрачјето на Општина Ресен. Оштетените површини се пријавуваат според засадена површина, односно според соодветна […]

Општина Ресен денеска го продолжи рокот за пријавување штети на земјоделски насади од природна непогода, голомразица на територијата на таа општина.

Пријавувањето на штетите се врши за природната непогода регистрирана во периодот од 1 до 4 мај годинава, а го зафати подрачјето на Општина Ресен.

Оштетените површини се пријавуваат според засадена површина, односно според соодветна површина која лицето ја поседува во ЕРЗС на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пријавувањето на штети на земјоделски насади од природна непогода голомразица ќе се врши најдоцна до 30 јуни, потврдија од Општина Ресен.

Реклама

Уште од Вести